Договорот за приклучување на Македонија во „Јужен тек“ ќе се потпише во јуни

Bez autora
May 20 2013

Владата го усвои финалниот текст на Договорот со Руската Федерација за изградба на гасоводниот крак од „Јужен тек“ кон Република Македонија, а за кој е добиена согласност од руска страна. Се утврдува датумот на потпишување на договорот, но се очекува да биде во јуни, во Санкт Петербург. Поврзувањето со меѓународниот коридор за пренос на гас „Јужен тек“, за Македонија обезбедува многукратни придобивки. Со договорот е предвидено да се обезбедат дополнителни количини природен гас, што ќе значи стабилна енергетска иднина на нашата земја. Влегувањето на Македонија во овој проект значи дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со гас на сите стопански капацитети, како и за домаќинствата, при што може да се очекува и намалување на цената на гасот. Ќе се задоволат целокупните потреби за гас во земјава, и за нови стопански и енергетски капацитети, нови електрани и за гасоводната мрежа до сите градови.

Договорот за приклучување на Македонија во „Јужен тек“ ќе се потпише во јуниВладата го усвои финалниот текст на Договорот со Руската Федерација за изградба на гасоводниот крак од „Јужен тек“ кон Република Македонија, а за кој е добиена согласност од руска страна. Се утврдува датумот на потпишување на договорот, но се очекува да биде во јуни, во Санкт Петербург.

- Поврзувањето со меѓународниот коридор за пренос на гас „Јужен тек“, за Македонија обезбедува многукратни придобивки. Со договорот е предвидено да се обезбедат дополнителни количини природен гас, што ќе значи стабилна енергетска иднина на нашата земја. Влегувањето на Македонија во овој проект значи дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со гас на сите стопански капацитети, како и за домаќинствата, при што може да се очекува и намалување на цената на гасот. Ќе се задоволат целокупните потреби за гас во земјава, и за нови стопански и енергетски капацитети, нови електрани и за гасоводната мрежа до сите градови - вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Процената е дека до 2030 година потребните количини на гас што ќе се обезбедуваат би изнесувале 2,5 милијарди кубни метри. Оператор на гасоводот во Македонија ќе биде мешовито македонско-руско друштво, кое со договорот е предвидено да биде со еднакво учество од по 50 проценти.

Изградбата на гасоводот во Русија почна минатата година и гасот кон Централна и Јужна Европа треба да протече во 2015 година. Kапацитетот на гасоводот е 63 милијарди кубни метри годишно или 14 отсто од вкупните потреби на Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik